Досега се убиени 14.400 руски војници, тврди Киев

by Fokus

Украинското министерство за надворешни работи денеска излезе со тврдење дека во досегашниот тек од војната во земјата, убиени се 14.400 руски војници, а украинската војска запленила или уништила илјадници парчиња воена опрема.

Според објавата на украинското МНР на Твитер, соборени се 95 руски авиони, 115 хеликоптери, уништени се 1.470 оклопни возила, 213 парчиња артилерија и друга опрема.

Западните медиуми кои ги пренесоа тврдењата на официјален Киев, забележуваат дека нема начин тие да се потврдат.

Во исто време, има многу малку информации од руската страна за загубите во инвазијата врз Украина. Последниот извештај на руските власти од 2 март наведе дека биле убиени 498 војници.

САД проценуваат дека Русите досега загубиле меѓу 3.000 и 10.000 војници, според информации од американски извори и НАТО кои ги објави „Си-ен-ен“.

 

Поврзани новости