Никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО изјави денеска Ања Сидоренко од Светскиот центар за наследство на оваа организација.
-Ние сега само вршиме надзор, подоцна ќе имаме состаноци и тогаш ќе ги презентираме нашите препораки.Во овој момент не можеме ништо друго да кажеме. Не сме дојдено само за Националниот парк туку вршиме мониторинг и на целото културно и природно наследство како тоа се заштитува и сите активности кои се преземаат. Остваривме средба со цел да го видиме прогресот и напорите на локалните и националните власти во заштитата на културното и природното наследство и спроведувањето на забелешките на УНЕСКО од минатата година на 40 седница во Истанбул, рече Сидоренко.
Таа додаде дека сите проекти поврзани со Галичица веќе биле разгледани од страна на стручни експерти од комитетот затоа што се работело за комплексно подрачје богато со културни и природни вредности.