Полициски службеник призна: Го баравме исчезнатото дете и во багажниците на возилата!

by fokus 22:00
22:00

Откако денес попладне во Неготино се прочу веста дека е исчезнато четири годишно дете, и како полициски службеници ги запираат возилата на влезот и излезот од градот, ги легитимираат возачите, ги проверуваат внатрешноста, па дури и багажниците на автомобилите, а СВР Велес демантираше дека се трага по дете, се јави и полицискиот службеник кој што лично ги запирал возилата и го барал детето.

Имено, првично портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски на потврди дека има засилени полициски контроли низ градот, како дел од редовните активности на полицијата кои што се практикувале два пати неделно, а за шпекулациите дека се трага по дете, обвини како тоа само некој од полицајците најверојатно се шегувал со возачите. Но набргу потоа низ градот проструи веста дека детето сепак било исчезнато, а го пронашле случајни минувачи, по што дошле и неговите родители.

- Advertisements -

,,Фокус’’ разговараше со еден од полицајците кој што ги проверувал возилата, и кому што лично таткото на исчезнатото дете му се обратил за помош.

,,Бев на службена должност, кога целиот во паника ми пријде родителот, молејќи ме да му помогнам да го најде четири годишното дете. Беше многу потресен – Запри ги колите, случајно некој да не го киднапирал – избезумено ми викаше. Нормално, ги известив колегите и започнавме со проверка на автомобилите на влезот во градот. Кога го прашав таткото на детето дали пријавил во полициската станица, ми кажа дека сеуште не стигнал, бидејќи во паника одел по улиците и го барал детето, плашејќи се да не му се случило нешто. Во таква ситуација, тоа е нормална реакција за секој родител, сепак станува збор за мало дете. На сите ни олесни кога не известија дека детето е најдено од случајни минувачи на сосема друг крај на градот, во населбата Саат Кула. Настанот имаше среќен крај, а колегите од СВР Велес, најверојатно не биле известени за настанот, бидејќи родителот не пријавил директно во станицата, туку ни се обрати нам, на улица’’ – раскажа полицаецот чиј што идентитет е познат на нашата редакција.

Не е познато како се изгубило четири годишното дете, но очевидци ни потврдија дека кога го пронашле на улица било преплашено и уплакано, но во добра физичка состојба, без видливи повреди.

Вики Клинчарова

Поврзани новости