694
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на крајот на декември минатата година, 35.070,750 луѓе во светот се заразени со овој вирус.
Според веб-страницата „Ворлдметерс“, има 7.970.957 активни случаи, а повеќе од 66.000 пациенти се во критична состојба.
Досега оздравеле 26 милиони луѓе, додека 1.036.413 луѓе починале како резултат на Ковид-19.
Најмногу заразени има во САД – речиси 7,6 милиони луѓе, потоа во Индија со 6,5 милиони и Бразил со скоро 4,9 милиони пациенти итн.
Зо Македонија, заклучно со вчерашниот ден, беа регистрирани 18.602 инфицирани лица.