Над 66 отсто од заразените со корона се од Скопје и уште 5 града

by Фокус

Со рекордните 243 заразени со ковид 19 регистрирани во изминатото деноноќие, бројот за само два дена се зголеми речиси за една петтина, достигнувајќи 2.585.

Притоа, над 66 проценти од активните случаи се во 6 града, односно во Скопје 891, во Куманово 186, во Кочани 183, во Струмица 178, во Тетово 149 и во Прилеп 134.

Во рамки на Скопје најмногу активни случаи има Аеродром со 144, потоа следат Центар со 142, Карпош со 129, Кисела Вода со 104 и Гази Баба со 102.

Наспроти тоа, најмалку активни случаи имаат Дојран – 8, Гевгелија – 7, Македонски Брод и Ресен со по 6, Пехчево – 4, Кичево – 3, Демир Хисар и Кратово со по два и Крушево со еден активен.

Здравствените власти инсистираат на строго почитување на мерките за заштита – носење маска и држење социјална дистанца, бидејќи, како што велат, ќе мора да научиме да живееме со вирусот.

Поврзани новости