Во очекување на стартот на масовната вакцинација на населението во земјава, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекувале 937 пациенти со Ковид-19, при што имало околу 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на инфицирани од почетокот на епидемијата намина 111 илјади, оздравеле 355 пациенти, а починале 15 лица.
Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280.