556
Македонскиот репрезентативец, Доријан Бабунски, игра во одлична форма пред почетокот на европските квалификации.
Денес во дербито против Кишварда го постигна единствениот гол на натпреварот за победа на својот тим, а тоа беше негов десетти гол од почетокот на сезоната.
Посебно добри настапи Бабунски прикажува во последниот месец и токму затоа го доби и признанието за најдобар фудбалер во најсилната конкуренција во Унгарија.
Наградата за македонскиот фудбалер беше доделена од познатиот унгарски медиум „М4 Спорт“.
Македонија на 23-ти март во Скопје ќе ги започне квалификациите против Малта.