Денеска ќе биде сончево, но ќе дува и ветер

by valentina 07:39
07:39

Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на променливо облачно и стабилно време – освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.

Слични вести