407
Универзитетска клиника за дигестивна хирургија од денеска продолжува со редовна работа, откако лекарите изминативе неколку денови по инцидентот со повредениот колега штрајкуваа и не вршеа операции и прегледи, туку единствено се примаа итните случаи.
Штрајкот дојде откако на 9 ноември утрото во клиниката со огнено оруже беше повреден лекар од страна на син на пациентка, која починала по извршената интервенција.
Поради сето ова, хируршките клиники треба да добијат дополнително обезбедување.