Вчера пред полноќ беше донесен буџетот на Македонија за 2016 година со 3,2 милијарди евра. Буџетот беше прифатен со 66 гласови „за“, 28 гласови „против“ и без воздржани.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е историски највисокиот државен буџет со 400 милиони евра за капитални инвестиции и средства насочени кон потребите на сите граѓани како спортски сали, градинки, амбуланти, реконструкција патиштата и железниците.
Опозицијата гласаше против буџетот, зашто сметаат дека буџет од 3,2 милијарди евра и е неприфатлив бидејќи е нереален, неостварлив, неразвоен и нетранспарентен. Кога државата има јавен долг од 4 милијарди евра, новиот буџет ќе значи нови долгови и сиромашни граѓани, смета СДСМ.
По скратена постапка беше донесен и Законот за извршување на буџетот за 2016 година.