Богдановиќ бара извинување од ОК на ВМРО-ДПМНЕ и провладините медиуми

by Фокус 15:21
15:21

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ остро ги демантираше провладините медиуми на кои вчера беше објавено дека тој земал плата од 2.000 евра. Според него, тоа се  груби обвинувања и клевети на провладините медиуми кои биле добиени по пат на фалсификувани документи и шпекулации.

Тој најави дека ќе поднесе соодветна пријава за сите медиуми кои се вклучени во објавата на неточните информации и фалсификатите.

- Advertisements -

– Сумата што како плата е наведена е груба манипулација, бидејки платата на директорот е далеку пониска од наведената. Износот на примањата на директорот, како и на сите вработени во јавното претпријатие, е утврдена со Правилник за плати Во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ од ОК на ВМРО ДПМНЕ-ЦЕНТАР и од сите медиуми вклучени во оваа објава, во спротивно ќе биде поднесена кривична пријава во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета – изјави Богдановиќ.

 

Поврзани новости