Донација од три тони медицински алкохол за неколку болници

by fokus

Донција од три тони медицински алкохол добија медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола, a донатори се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија и ЈП Охридски комуналец.

„Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно“, изјави охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

Доктор Диел Аголи, координатор на кризниот штаб при ЈЗУ Општа болница, исто така упати благодарност до сите компании кои покажале општествена одговорност и помагаат на заедницата, лекарите и здравствените работници во справување со Ковид19.

Денес беше поделена првата количина од 1.000 литри од обезбедените 3.000 литри медицински алкохол за регионот, кажа од името на донаторите Сашо Денесоски, од НВО Балкан Медија.

„Утре и задутре ќе се дели на ЗД Вевчани, Здравствен Дом Охрид, Општа болница Струга, Костозглобна, кардиолошки, Клиничка болница Битола, Здравствен дом Ресен. Утре продолжуваме“, посочи Денесоски.

Донација од 1.000 литри медицински алкохол Зегин има обезбедено и за Инфективната клиника во Скопје, 500 литри за кумановската општа болница и по 300 литри за медицинските установи во Готивар, Тетово, Дебар и Ростуше.

Поврзани новости