СДСМ: Сега апсолутно не е време да се разговара за избори!

by fokus

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на денешната прес-конференција истакна дека не е време на лидерска средба да се разговара за избори.

„Апсолутно не е време да се разговара за избори, има време за избори, ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки чија цел е да зачуваме што повеќе работни места, да им помогнеме на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме оваа криза“, истакна Петров, одговарајќи на прашањето дали по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, СДСМ ќе прифати лидерска средба на која ќе се договори терминот за изборите.

Поврзани новости