798
Донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава, денеска му предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче.
-Среќна сум што денеска предавам уште една донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку Организацијата за помош и заштита од катастрофи. Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор на Северна Македонија со околу 1,45 милиони евра, изјави Холштајн по предавањето на донацијата.