ДОМ: Владата да ги заштити граѓаните од Југохром!

by fokus

Доколку владата не ги преземе законските мерки за да ги заштити граѓаните од труењето на комбинатот Југохром, ДОМ ќе поднесе нова кривична пријава за фирмата и нејзиното раководство, велат од Демократската обнова за Македонија.

-Неодговорно и несериозно е однесувањето на раководството на еден од последните големи загадувачи, кое повторно ја излажа целата македонска јавност дека тече процесот на набавка и монтажа на филтер-опремата. Наместо тоа, сега изјавуваат дека не стигнале ни во овој рок еколошки да се прилагодат, па бараат од владата продолжен рок за уште 1,5 година. Тоа значи уште 1,5 година безмилосно труење на своите вработени, но и на илјадници граѓани на Јегуновце, Тетово, Гостивар и околината! –  велат од ДОМ.

Инаку, државниот инспекторат за животна средина денеска донесе одлука за запирање на работата на „Југохром”. Одлуката ќе биде доставена до Владата, која ќе треба да донесе конечна одлука дали ќе се затвори најголемиот комбинат во тетовскиот регион.

Поврзани новости