Една недела до изборите, Трамп води пред Клинтон

by fokus

Доналд Трамп, републикантскиот кандидат за претседателските избори во САД, на една недела пред изборите ја претрка ривалката Хилари Клинтон, покажуваат најновите анкети.

Ова е првпат од мај годинава, Трамп да биде во предност, покажува анкетата на ТВ мрежата Еј Би Си, според која Трамп има 46, додека Клинтон 45 проценти поддршка.

Анкетата следи по веста за  одново отворање на истрагата што ја најави ФБИ против Хилари Клинтон, поради користење на првитната имејл адреса за испраќање информации со доверлива содржина.

Клинтон беше во водство и многумина веќе ја гледаа како нов претседател на САД, но новиот развој на настаните во врска со мејловите и нанесоа значаен удар на нејзината кампања.

Инаку, Викиликс денеска објави нови мејлови повразни со кампањата на Клинтон, според кои таа пред телевизиските дебати ги дознавала дел од прашањата.

Поврзани новости