Депониите не се за маркетинг, туку за решавање, соопштија од ДОМ окако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ја префрлуваа одговорноста кој е виновен за последиците од пожарот што изби во струшкта дпонија.
„Постојат и план и физибилити-студии за целосно решавање на отпадот во Македонија со неколку регионални санитарни депонии и повеќе претоварни станици, како и за затворање и ремедијација на дивите депонии. Познати се и концептите за современ третман на отпадот со селекција, рециклирање и искористување на малиот остаток на еколошки начин. Значи нема непознати, се е одамна подготвено, но немаше доволно политичка волја да се реализира сево ова. Голема е грешката што се направи во 2014 година, кога се поништија два готови тендера за концесии за регионални депонии во Југоисточниот и Полошкиот регион“, велат од ДОМ на Лиле Поповска.