Два земјотреси утрово ја потресоа Македонија

by Фокус

Два земјотреси со умерен интензитет утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, поточно охридското епицентрално подрачје.

Притоа, првиот земјотрес бил почувствуван во 2:01 утрово, додека пак вториот по шест часа, односно во 8 часот.

Првиот земјотрес бил со интензитет 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет колиметри, а вториот бил со интензитет од 2,5 степени, лоцирани на два километри во земјената кора.

Поврзани новости