Италија отвори истрага за падот на „Пејперот”

by fokus 17:26
17:26

Италијанското јавно обвинителство отвори случај за авионската несреќа што се случи во вторникот попладне кај селото Кожле, во која загинаа шестмина италијански државјани.

Конечните одговори за причините на несреќата треба да ги дадат домашните истражители, кои потврдија дека соработуваат со Обвинителството од Тревизо, посочувајќи дека се работи за редовна процедура при несреќи во кои се вклучени субјекти од една држава, а чии последици се на територија на друга држава.

Од македонското обвинителство вчера информираа дека завршило снимањето со дрон и дека во наредните денови ќе се прави детална анализа на снимките. Остатоците од авионот „Пејпер” се однесени на вештачење, а телата на загинатите на обдукција.

Сепак, од авиоклубот во Тревизо, чијашто сопственост беше малиот авион велат дека ќе биде тешко да се реконструира што точно се случило.

– Овој тип на авиони не е опремен со црни кутии. Често има и повеќе од една причина за несреќа. Сепак, во областа имаше лоши временски услови- изјави Џон Тесари, инстурктор од клубот.

Инаку, во авионската несреќа загинаа сите шест патници- петмина мажи и една жена, сите италијански државјани, од кои еден со косовско потекло. Приватниот авион полетал од Тревизо кон Приштина, а во Скопје требало да слета за да наполни гориво. Четири минути пред планираното слетување, авионот исчезнал од радарот на Скопскиот аеродром.

Поврзани новости