350
ДОМ на пратеничката Лиле Поповска, која неодамна ја напушти владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, бара брзо решение на политичката криза, за да не добие регионална и меѓуетничка димензија.
„Тоа значи фокус на отстранување на причините што ја создадоа кризата, а тоа е начинот на владеење со кој се прекршиле принципите на правната држава, човековите права и слободи. Сето тоа се видe во „бомбите“ на опозицијата, кои ја потресоа јавноста и изнесе илјадници луѓе на улица, на кои не им е важно кој добил власт на изборите, туку што правел со таа власт“, се наведува во соопштението на ДОМ.