Заев: Невини луѓе лежат во затвор за убиството кај Смиљковско Езеро

by Фокус 11:16
11:16

Во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, лидерот на СДСМ Заев вели дека вистината за случајот „Смилковско езеро“ може да предизвика судири во Македонија. Не очекува оставка од Груевски, но очекува достоинствен излез.

Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“.
„Тие неправедно седат во затвор“, вели Заев, но стравува оти објавувањето на „вистината за случајот“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија.

- Advertisements -

„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да биде многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот“, вели Заев. На прашањето дали стравува дека состојбата може да излезе од контрола, опозиционерот одговара потврдно: „Да, до одреден степен сум многу загрижен. Мораме да ги подготвиме луѓето за вистината, мораме да бидеме многу одговорни“.

Заев, сепак, не очекува да се повтори конфликтот од 2001 година, и оценува дека „народот е сплотен“. „Нашиот граѓани се најдобри чувари на мирот. Тоа е најдобрата порака. Се плашам дека поединци сепак можат да прибегнат кон насилство“.

Поврзани новости