780
Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти.
-Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии сосродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски. Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен, порачаа од ДОМ.