467
Партијата за демократска обнова на Македонија (ДОМ) на Лилјана Поповска го поддржува протестот на 17 Мај, организиран од широка граѓанска платформа, затоа што заложбите за демократија и почитување на човековите права и слободи се основни принципи на нашето делување.
– На јавноста и е веќе познат нашиот став, дека излезот од длабоката политичка криза ќе биде можен само преку преодна влада и предвремени избори,преку кои на мирен начин ќе се канализира граѓанскиот револт – се наведува во соопштението од ДОМ.
Тие ги повикуваат своите членови и симпатизери, но и сите граѓани да излезат по своја волја и да го искажат својот став на мирен и достоинствен начин, избегнувајќи насилни провокации од било кого и против било кого.