Заев ќе „пука“ нова бомба од Бихачка – „Послушајте патриоти“

by Фокус 12:19
12:19

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во седиштето на „Бихачка“ ќе „пука“ нова бомба. Тој на уште една прес-конференција ќе обелодени нови детали од проектот „Вистината за Македонија“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ја најави денешната бомба на својот Фејсбук-профил со зборовите „Послушајте патриоти… #33“.

- Advertisements -

На серијалот прес конференции, досега беа објавени повеќе аудио снимки од телефонски разговори кои укажуваат на криминал и злоупотреби во врвот на власта. Од СДСМ велат дека до сега се разобличи вистината за работата на власта, криминалот, изборните манипулации, проектот „Скопје 2014“, бруталните протести пред општина Центар, партиските вработувања, тендерите, сомнителните ДУП-ви и случајот Мартин Нешковски.

Поврзани новости