ДОМ го разреши Мирослав Богдановски од функцијата потпретседател

by fokus
Пратеникот Мирослав Богдановски денеска е разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ. Партијата како причина наведува дека тој потегнал нелегитимна иницијатива за вонреден конгрес.
-Централниот одбор на ДОМ одржа седница со физичко присуство, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19. Во духот на демократијата и транспарентноста Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци.
Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.
ДОМ е демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности. Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности, соопштија од ДОМ.

Поврзани новости