ДОМ доби 4 места на пратеничките листи на коалицијата предводена од СДСМ

by Фокус
ДОМ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ.
Од партијата соопштија дека во преговорите било договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата.
Партијата информира дека кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката Маја Морачанин, потпретседателот Мирослав Богдановски, претседателот на општинската организација во Штип Ванчо Санев и советничката во Битола Ристенка Алтипармаковска.

Поврзани новости