ДОМ: Директорот на затворот Идризово е опасен по животот на затворениците

by fokus

ДОМ бара одговорност за директорот на затворот Идризово и негова итна смена, поради петте смртни случаи од почетокот на годинава.

„Тој не смее веќе да ја врши таа функција, зашто е опасен по животот на затворениците, не знае или не сака да обезбеди услови за престој, во кој нема да се нарушува човечкото достоинство, да се кршат човековите права и да се загрозува здравјето и животот на осудените лица. Според многубројните сведоштва што излегоа на виделина последниве години,затворот Идризово, од казнено-поправна  институција е претворен во мачилиште, за луѓе како Кежаровски, Диневски и многу други кои „не се вклопиле“ во актуелната дневно-политичка шема“, се вели во реакцијата на ДОМ.

Партијата предводена од Лилјана Поповска бара одговорност и од Министерот за правда, како највисок функционер одговорен за функционирањето на затворите, но и за пристап до правдата.

„Скандалозно е што по се што се обелодени од прислушкуваните разговори, Александар Диневски повторно се праќа назад во занданата. Не се земаат предвид ни фактите, ни здравствената состојба – неправдата продолжува!“, реагира ДОМ.

Поврзани новости