„Охрид СОС“: Бакрачевски може да лежи осум години затвор за дозволата за хотелот во Лагадин

by fokus 15:07
15:07

Општина Охрид мора да постапи по барањето на Државниот инспекторат за градежништво и да ја повлече дозволата за градбата на хотелот во Лагадин, а градоначалникот на општината Никола Бакрачески може да се соочи со казна затвор и до осум години затоа што потпишал решение спротивно на важечки урбанистички план, велат од  здружението „Охрид СОС“, откако општина Охрид дозволи да продолжи изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат побара дозволата за градба да биде поништена.

Од здружението објаснуваат дека според чл. 244-а од Кривичниот законик, службеното лице во локална самоуправа кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе се казни со затвор од три до осум години.

-Службеното лице подлежи на истата казна доколку при издавањето на бесправно решение за градба му нанесе штета на друг, а со градбата на хотелот во Лагадин е нанесена материјална штета на првиот сосед кај кој се сруши терасата и почна да пука бетонската плоча внатре во куќата, велат од „Охрид СОС“.

 

Поврзани новости