ДОМ: Да ги оставиме службите да ја воспостават безбедноста во државата

by Фокус

Демократската обнова на Македонија апелира институциите, партиите и граѓаните да ги остават настрана шпекулациите за тоа кој стои зад трагедијата во Куманово и да ги остават безбедносните служби да се фокусираат на што побрзо воспоставување безбедност на цела територија на земјата.

„Власта треба да покаже сериозеност и ефикасност во спроведување на уставните обврски во случај на загрозување на безбедноста, а опозицијата да размисли дали не е потребно во овој сериозен момент за државата да влезе во Парламентот и оттаму да врши контрола над работењето на институциите, вклучително и безбедносните“, порачуваат од ДОМ на Лиле Поповска, која деновиве ја напушти владината коалиција поради политичката криза.

Поврзани новости