Австрија бара заштита на надворешните граници на ЕУ поради напливот од мигранти

by Фокус

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара подобра заштита на надворешните граници на ЕУ, односно на дел од грчката граница, како и поголема контрола на западно-балканската транзитна рута, која минува низ Македонија.

Во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“, Курц рече дека бегалците треба да бидат заштитени и згрижени во близина на нивната татковина.

– Мора да направиме повеќе на терен и да воспоставиме прифатни центри за бегалците, што бегаат од теророт, нагласи тој.

Поврзани новости