ДОМ бара мирен трансфер на власта

by Фокус 13:50
13:50

Изборните резултати беа признаени од сите учесници, постои парламентарно мнозинство и треба да се направи мирен трансфер на власта, според предложената владина програма за унитарна и граѓанска Македонија.

Ова го порачаа од политичката партија ДОМ, која, предводена од претседателката Лилјана Поповска и пратеничката Маја Морачанин, денеска ја продолжи обиколката низ Македонија со посети во неколку градови во Источна Македонија, за да поддржи локални еколошки иницијативи на своите општински организации.

Од таму предлагаат искористување на геотермалните води и изградба на систем за парно греење на јавните и приватните објекти во Кочани и покренуваат иницијатива за целосно исфрлање на канцерогениот азбест во Штип, кој порано се користел масовно за изработка на водоводни цевки и салонитни плочи за градба.

Поврзани новости