Молкот и ингорирањето на менаџерскиот тим од Макстил јасно покажува за нивната определба да продолжат со работата и покрај поплаките од целата јавност, се вели во соопштението на ДОМ.
Партијата бара Инспекторатот за животна средина веднаш да изрече престанок за работа на Макстил до моментот на исполнување и прилагодување на потребните еколошки норми пропишани со закон.
„ДОМ во континуитет официјално бара средба со менаџментот на Макстил – Скопје, но игнорирани сме веќе две години. Макстил и Југохром се двата големи загадувачи што не прифаќаат еколошки дијалог и единствените што го пробија рокот за прилагодување. И покрај изречените казни од страна на Инспекторатот за животна средина, апелите на граѓаните и невладиниот сектор, Макстил продолжува со загадување профитирајки врз здравјето на сите нас!“, стои во соопштението.