Солзавец, шок-бомби и каменувања на протестите за случајот „Монструм“

by Фокус

Ескалираа протестите против пресудите во случајот Монструм. Солзавец, шок-бомби, огнено оружје, приведени лица и повредени полицајци е епилогот од досегашните случувања.

Демонстрантите извикуваа „Сакаме правда“ и „мафијашка држава“ и фрлаа со камења кон полициското обезбедување, распоредено во центарот на Скопје. Револтираната маса почнала да ја каменува зградата на судот, искршени се стаклата од прозорците и оштетена е фасадата. Полицијата употребува шок-бомби против насобраните во протестот за да ги одврати насобраните пред судот и Јајапашината џамија.

Според досегашпните информации, демонстрантите фрлале солзавец и камења кон полицијата и кон новинарските екипи, а десетмина се приведени.

Насобраната толпа ги расфрлаа и контејнерите за ѓубре по булеварите, а полицијата на терен има и воден топ и службени кучиња.

Протестот се одржува поради незадоволство од судската пресуда за случајот „Монструм“, во кој шестмина од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро добија доживотна казна затвор.

Поврзани новости