ДОМ бара истрага за верскиот собир во Струга

by Fokus

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за денешниот масовен верски собир во Струга. Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од КОВИД-19 вирусот недозволиво е групирање по било кој основ, се вели во нивното соопштение.

-По објавените фотографии на социјалните медиуми од масовниот собир, ДОМ бара Министерството за внатрешни работи да одговори зошто полициските службеници не реагирале за прекршувањето на мерките? Зелената партија ДОМ апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките со цел побрзо надминување на корона кризата и зачувување на јавното здравје, порачуваат тие.

Поврзани новости