Дол на средба со исклучените од ВМРО-ДПМНЕ: Дискутиравме за загрижувачката состојба во партијата

by fokus

Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол денеска по завршувањето на Конгресот на ЕПП, имал средба со поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, поранешниот министер Никола Тодоров и исклучената пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова.

-Ги поканив да дискутираме за загрижувачката ситуација во нашата партија-членка, по санкциите преземени против оние кои го поддржаа започнувањето на процедурата за уставни измени и потребни за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името. Сите закани мора да престанат веднаш.
Иако сум свесен за границите на овој договор – и за начинот на кој тој беше постигнат – верувам дека тој претставува важен чекор кон исполнувањето на евроатлантските аспирации на македонскиот народ. Уште поважно, отсекогаш сум бил многу јасен за фактот дека ЕПП ги поттикнува нашите партии-членки, кога се во опозиција, да продолжат да играат конструктивна улога во парламентот, со цел да ги одбранат нашите вредности и да ја направат владата одговорна за своите политики.
Сите членки на ЕПП мора целосно да ја спроведат внатрепартиската демократија, да ја почитуваат слободата на мислата и да ги бранат нашите вредности и принципи, вклучувајќи силна проевропска заложба, се вели во соопштението на Дол.

Поврзани новости