486
Вкупно 14 135 невработени лица со високо образование чекаат на листите на Агенцијата за вработување. Од нив, 31 се доктор на науки, а 927 лица се магистри.
Најголем дел од докторите на науки и магистрите се од филозофските науки, економисти и правници.
Инаку, трендот на зголемување на бројот на магистри и доктори на науки и натаму е во пораст. Само лани докторирале 246 лица, а над 2 200 станале магистри.
Од Министерството за образование и наука пак, годинава најавија дека новиот состав на Одборот за акредитација и евалуација ќе го проверува целиот процес и квалитетот на магистерските и докторските студии.