Доктор Георгиев доби признание за промоција на мир, хуманизам, граѓански права и мултикултурализам

by Fokus 12:54
12:54

„Промоција на мир, хуманизам, граѓански права и мултикултурализам“ е признание што општина Чаир му го додели на Проф. д-р сци. х.ц. Антонио Георгиев. Сите оние што го познаваат Проф. д-р Антонио Георгиев и ги спознале неговите дострели како доктор-кардиолог, наставно-научен работник и истражувач, интернационален публицист, медицински писател, хуманист, космополит, филозоф, педагог и практичар, знаат дека тоа е очекувано достигнување од него. Ова признание за граѓанинот на Светот Др. Георгиев, се патоказ, но и предизвик за општествените, интелектуалните и политички слоеви во државата, храбро да ги промовираат и застапуваат универзалните вредности како: мир, човечка и верска слобода, хуманизам, демократија, мултикултурализам, граѓански права, владеење на правото, меѓурелигиско и интеретничко разбирање и толеранција и т.н.

– Универзалните вредности како мир, хуманизам, граѓански права, мултикултурализам, слобода, демократија, правда, верски и образовни права и т.н. се основа за опстојување на секоја нација која сака да биде современа. Мултиетничката култура е вредност создавана со векови на нашите простори. Денес, ние на мултикултурализмот создаван со векови може само да се восхитуваме и да ги абсорбираме придобивките на оваа инклузивна универзална вредност. Мултикултурализмот е гарант, амалгам и ДНК на сите трајни вредности на Република Македонија – истакна доктор Георгиев.

- Advertisements -

Поврзани новости