Доктор Данаиловски: Со престроги мерки ќе се соочиме со сиромаштија

by fokus

Епидемиологот Драган Данаиловски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека при носење на мерките за заштита од ширење на корона вирусот мора да се прави баланс меѓу здравјето и економското и социјалното влијание.

-Секогаш треба да се има на ум дека мора да се извагаат: користа за здравјето и она што значи економски и социјални последници. На пример: може да има најстрог карантин од месец дена и да ја совладаме, но потоа ќе се соочиме со масовни здравстевни проблеми поради сиромаштија. Премногу јак притисок може да напарави поголема штета. Секако ако дојде до ескалација до ненормални работи сигурно дека Комисијата ќе преземе и построги мерки. Но, со престроги мерки, ќе се соочиме со сиромаштија, вели Данаиловски.

 

Поврзани новости