Рекордни 505 илјади новозаразени во светот за еден ден

by fokus

Повеќе од 505.000 нови случаи на заразени со новиот корона вирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Од тоа, околу половина се новоинфицирани, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија.

Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот – 490.298. Околу 44,9 милиони луѓе се заразени со Ковид-19 во светот.

Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 7.000. Речиси 1,18 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата.

Поврзани новости