Докиќ: Оние што имаат обични алергии смеат да се вакцинираат, но не и оние кои имале анафилактички шок

by fokus

Директорот на клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, во вечерашната Топ Тема, појасни дека стравувањата за можни алергиски реакции при примањето на вакцините треба да се ограничат само на луѓето кои имале во минатото тешки алергии кои довеле до таканаречен анафилактички шок, при што морало да биде аплициран епинефрин или адреналин.

“Оние што имаат обични алергии, на полен или на некои храни, да не се секираат, тие се безбедни. Само оние што имаат или имале во историјата на болеста податок дека имале анафилактички шок или реакција која завршила со примена на адреналин или епинефрин, не треба да се вакцинираат, појасни Докиќ.

Поврзани новости