Филипче: Сите вакцини се безбедни, но ги следиме забелешките за АстраЗенека

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сите вакцини се безбедни и тој нема проблем да се вакцинира со било која вакцина. Сепак, Филипче вели дека будно ги следат забелешките на другите земји за вакцината на АстраЗенека, која Македонија треба да ја добие преку Ковакс механизмот.

-Немам проблем да се вакцинирам со било која вакцина. Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека. Но, внимателно ги следиме забелешките од другите земји. Будно пратиме: препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, вели Филипче.

Поврзани новости