Судот даде два часа пауза откако одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара изземање и на обвинителот Златко Биковски кој во меѓувреме дојде во Судот за да го замени колегата Владимир Милошевски за кого адвокатите претходно бараа изземање од случајот „Поткуп“, пренесе 24 Вести.
Одбраната тврди дека Биковски не може да го застапува обвинението бидејќи е дел, од како што велат „злосторничко здружение кое монтирало политички процес против лидерот на опозицијата, а исто така бил обвинител и во случајот „Пуч“.
Адвокатите побараа рок од три дена за да го комплетираат барањето, но судијката Дијана Груевска – Илиевска им даде само два часа пауза за надлежен обвинител од обвинителството за организиран криминал и корупција да се изјасни по однос на барањето.