Мајмунчето Дино се степало со друг мајмун по што починало

by fokus

По информацијата која излезе во јавноста дека мајмунчето Дино од скопската зоолошка починало, се огласија од Зоолошката. Тие објаснуваат дека мајмунчето Дино влегло во меѓусебен конфликт со друг мајмун од истата раса, при што се здобило со тешка повреда на предната нога.

-Веднаш Дино беше упатен на Факултетот за ветринарна медицина, при што беше извршена ветеринарна интервенција за санирање на повредата. За наша и Ваша жал, павијанот Дино не ја преживеа операцијата, велат од зоолошката градина.

Тие демантираат дека мајмунчето починало поради несоодветен третман од страната на вработените во Зоолошката градина Скопје.

 

 

Поврзани новости