Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот бидејќи му бил истечен мандатот

by fokus 14:22
14:22

Во Кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој првообвинет е претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Неговата одбрана побара изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски, кој го застапува случајот, бидејќи му е истечен мандатот на 30 ноември минатата година.

Одбраната приложи  одлуката на Советот, според која Милошевски бил времено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

Адвокатот на Заев од судот побара да се изјасни и да донесе решение дали ќе му дозволи на јавен обвинител со истечен мандат и без легитимитет да застапува обвинение. Во тек е пауза за време на која судијката и членовите на судечкиот совет треба да донесат одлука по ова барање.

Поврзани новости