Договорот забранува употреба на Сонцето од Вергина и ја обврзува Македонија да го отстрани од сите јавни места

by fokus

Со договорот постигнат со Грција, Владата во Македонија се обврзала да не го користи повеќе симболот на поранешното знаме, односно Сонцето од Вергина, како и да го отстрани од сите јавни места и јавни употреби.

„Втората страна не смее повторно да го користи на кој било начин и во сите негови форми симболот прикажан на нејзиното поранешно национално знаме. Во рок од шест месеци од стапувањето во сила на овој Договор, Втората страна ќе го изврши отстранувањето на симболот прикажан на поранешното национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзината територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опсегот на оваа одредба“, стои во членот 8 од договорот.

Во рок од шест месеци од стапување на договорот, македонската Владата се обврзува и да го преиспита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата, така што, како што се вели, доколку се однесуваат на античката историја на Грција „би се обезбедило почитување на наведеното наследство“.

Двете Влади се договорите и за посебен третман која станува збор за историски симболи.

„Доколку која било од страните верува дека еден или повеќе симболи што претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користат од другата страна, ќе ја извести другата страна за таквото наводно користење, а другата страна ќе преземе соодветни корективни мерки за едикасно решавање на прашањето и обезбедување почит кон споменатото наследство“, пишува во членот 8.

 

 

Поврзани новости