Договорените закони во понеделник во Собрание

by Фокус

Законите што ноќеска конечно ги договорија лидерите на политичките партии во понеделик ќе се најдат во Собранието на Република Македонија, а најдоцна во вторник ќе бидат изглсани и новите министри и заменици-министри. Пратениците ќе гласаат за Законот за бомбите, Законот за заштита на дојавувачите, Изборниот законик, Законот за влада.

Освен овие закони, Собранието ќе треба и да донесе одлука за формирање на собраниска Анкентана комисија за прислушувањето и објавените „бомби“.

Досегашните министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов ќе останат во своите министерства, но сега како заменици на новите министри кои доаќаат од редовите на СДСМ: Оливер Спасовски и Фросина Ременски.

 

Поврзани новости