Груевски: Обезбедивме контрола на кадровското работење на министрите од СДСМ

by Фокус 12:07
12:07

-Мора да се работи исклучиво по закон, дури иако некој го прекрши законот и биде сменет, новиот кој ќе биде назначен ќе добие од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, дополнителен заменик кој ќе има право на вето. Така ќе се обезбеди, она што и сакавме да го постигнеме, а тоа е контрола на кадровското работење на новиот министер, изјави премиерот Никола Груевски откако ноќеска беше постигнат договор меѓу партиите.

Според Груевски, договорено било ВМРО-ДПМНЕ да има строга контрола на кадровското работење на СДСМ во Министерството за внатрешни работи. Како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  сето тоа било во смисла, да не се претвори новото МВР во партиска постава на една политичка партија.

- Advertisements -

 

Поврзани новости