353
Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека не го одобрува бегството на екс премиерот, Никола Груевски, иако посочува дека тој бил под вистински политички пргон.
-Тоа значи сега дека сите кои сме под присмотра или закана, а со години сме, треба а ја напуштиме држата и да бараме да се бориме од илегала. Тоа можам да го најдам само во период меѓу двете светски војни кога македонското движење дејствуваше од надвор. Ние сега имаме сопствена држава и капацитет да најдеме сила да издржиме. Ова ќе помине, не може да трае вечно, не треба да заборавиме кој ги направил пропустите и треба да има ревизија после тоа – рече Додoвска во интервју за „АлфаТВ“.