Груевски сега може да добие патни исправи и да ја напушти Унгарија

by fokus

Македонските власти залудно бараат екстрадиција на екс премиерот НИкола Груевски, тоа повеќе не мое да се случи затоа што Унгарија му одобри азил, изјави унгарскиот министер за правда, Ласло Трочани.

Тој додаде дека ако сака, Груевски може да аплицира за патни исправи и да ја напушти Унгарија.

Тој нагласи дека со одобрувањето азил, Унгарија потврдила дека поранешниот премиер на Македонија е жртва на политички прогон и затоа не може да биде екстрадиран.

Во изјава за телевизијата Еко, Трочани рече дека не го прочитал објаснувањето за азил ан Груевски, но истовремено не е изненаден дека му е одобрен азил.

– Ако поранешниот премиер оди во затвор сугурно е дека нема да му биде лесно, рече тој.

Поврзани новости