60
Претседателот на Република Српска и лидер на СНСД, Милорад Додик, денеска се закани дека ќе избрка американски службеник вработен од Бања Лука, кој, како што наведе, има информации за посети на банки и упатува закани.
-Ќе биде предупреден, а доколку продолжи ќе биде протеран од Бања Лука. Информациите што ги имаме говорат дека некој шеф на американската канцеларија посетува банки, посетува фирми, им се заканува и прави обид да ја дестабилизира ситуацијата, деновиве ќе биде предупреден да не го прави тоа. Доколку продолжи, ќе биде избркан од Бања Лука, без разлика дали станува збор за американски функционер – изјави Додик.